Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-179/13

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 480.96 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 28, 2013
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-179/13

„(...) Имено, видно од изјавата од 30.01.2007 година се утврдува дека тужителот писмено се произнел дека надвор од неговиот работен однос на друштвото не врши никакви дејности слични на делокругот на друштвото, ниту дејности кои немаат допир со делокругот на друштвото, произлегува дека тужителот го познава македонскиот јазик, односно истиот ги познавал клучните термини, од записникот за изјаснување на работник од 24.11.2011 година се утврдува дека тужителот не го оспорил настанот, односно дека истиот сторил повреда на работниот ред и дисциплина на ден 30.07.2011 година кога заедно со уште еден колега В. Л., кој исто така добил Одлука за откажување на договорот за вработување, вон работно време се обидел да изврши работа која спаѓа во дејноста на работодавачот и на овој начин постапил спротивно на работните обврски од чл. 7, ст. 1, т. 1, 3, 6 и 11 од договорот за вработување и чл. 15, ст. 1, т. 1, 2, 6 и 8 од КД на тужениот, сторил повреда на работниот ред и дисциплина од чл. 81, ст. 1, т. 1, 2 и 3 од Законот за работни односи, па оттука правилно првостепениот нашол тужениот донел законита одлука со која на тужителот му е откажан договорот за вработување поради повреда на работниот ред и дисциплина и неисполнување на работните обврски – обид за замена на приклучен кабел на приватна куќа на ден 30.07.2011 година предвидена како повреда на чл. 81, ст. 1, т. 1, 2 и 3 од ЗРО.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-2124/12
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право