- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 364.51 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 16, 2010
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-252/10
„(...) првостепениот суд го усвоил тужбеното барање на тужителот ценејќи дека истиот оправдано отсуствувал од работа затоа што имал одобрено отсуство од 02.03.2009 година до 27.03.2009 година. Според образложението на решението бр. 110 како и решението бр. 130 донесено по приговор на тужителот произлегува дека тужениот му го дава отказот од причина што не го известил работодавецот за отсуството, па правилно првостепениот суд утврдил дека согласно чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО, по кој член тужениот го откажал договорот за вработување на тужителот, не произлегува обврска на тужителот да го извести работодавецот за отсуството од работа, туку како основ е наведено неоправдано изостанување од работа. Во услови кога отсуството било оправдано, правилно првостепениот суд утврдил дека не се исполнети условите за откажување на договорот за вработување согласно чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО, како и согласно чл. 77, т. 3 од ЗРО во кој член е предвидено кои се сметаат како неосновани причини за откажување на договорот за вработување. Од друга страна, правилно првостепениот суд утврдил и дека доколку според образложението на оспореното решение, тужителот не го известил работодавецот за отсуството од работа, во таков случај отказот се дава согласно чл. 81, ст. 1, т. 6 од ЗРО кога работникот поради болест или оправдани причини отсуствува од работа, а за тоа во рок од 48 часа писмено не го извести работодавачот, одлуката за отказ мора да биде со отказен рок, а оспореното решение не е донесено согласно овој член и истото е без отказен рок.”