- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 382.32 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 20, 2012
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-503/12
„(...) Во конкретниот случај се работи за откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина во смисла на чл. 82, ст. 1, т. 5 од ЗРО, па во согласност со законските одредби од чл. 72 од ЗРО, работодавачот – тужен е должен во одлуката да го наведе основот за отказот и да ја докаже основоста на причината која го оправдува отказот. Видно од одлуката со која на тужителот му е откажан договорот за вработување, не се наведени кои работните обврски не ги исполнил тужителот, за кој период се однесуваат повредите коишто му се ставаат на товар. Видно од списите во предметот, тужениот во текот на постапката не докажал дека тужителот ги сторил дејствијата кои му се стават на товар, дека тужениот претрпел штета и не докажал дека има вина од страна на тужителот за сторена кражба. Така, за повредата во однос на набавка на поголема количина бетон (...) не постојат забелешки од надзорот за прекумерна набавка на материјали, сите фактури биле потпишани и наплатени. Тужениот немал спроведено постапка за утврдување на причинета материјална штета, ниту донел одлука за надомест на причинетата штета од тужителот, па по наоѓање на овој суд, правилно првостепениот суд утврдил дека оспорената одлука е незаконита и истата ја поништил, а уште повеќе што дел од повредите кои му се ставаат на товар на тужителот се случиле пред повеќе од шест месеци од поведувањето на постапката за отказ на договорот за вработување, што значи дека настапила застареност во смисла на чл. 94 од ЗРО. Постапката за отказ на договорот за вработување е започната на 23.02.2010 година, а записниците за контрола за разликата за која се терети тужителот во оспорената одлука се од 03.07.2009 година, што значи дека постапката е започната по истекот на законскиот објективен рок од шест месеци, бидејќи денот на дознавање за фактите кои се основ за отказ е 03.07.2009 година, кога се составени записниците за завршена контрола на материјалите (...).”