Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1762/12

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 317.59 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 23, 2013
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1762/12

„(...) првостепениот суд правилно утврдил дека тужителот во периодот од 21.12.2010 година до 07.01.2011 година не се јавил на работа, не го оправдал своето отсуство од работа при што не добил решение за користење на годишен одмор, но имајќи притоа предвид дека тужителот со две писмени предупредувања бр.04-5091 и бр.04-5091/1 од 02.12.2010 година бил предупреден поради повреда на работната дисциплина, како и тоа дека со решение бр.04-5313/1 од 17.12.2010 година бил парично казнет поради констатирана повреда на работниот ред и дисциплина. (...) тужениот секогаш изготвувал решенија за користење на годишен одмор. Притоа, треба да се има предвид и фактот дека во евиденцијата на тужениот не постои барање на тужителот за користење на годишен одмор во траење од 15 работни дена, како и тоа дека нема отворено боледување.

Според тоа, решението за престанок на работниот однос на тужителот бр.04-128 од 13.01.2011 година е правилно и донесено во законита постапка, а согласно чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО поради кршење на работниот ред и дисциплина, односно поради неоправдано отсуство на тужителот од работа повеќе од три последователни дена.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-26/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право