- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 311.13 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање ноември 6, 2013
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1008/13
„(...) кога работодавачот го откажува договорот за вработување во својата одлука е должен да го наведе основот за откажување на договорот за вработување и во истата да го образложи откажувањето на договорот за вработување, односно да наведе на кој начин, со кои дејствија, во кој временски период и слично работникот сторил повреда на работниот ред и дисциплина. Тужениот ja донел одлуката бр.01-48 од 04.03.2013 година со која ѝ го откажал договорот за вработување на тужителката врз основа на чл. 86, в. в. со чл. 74 и 85 од ЗРО поради кршење на работниот ред и дисциплина согласно со чл. 81, ст. 1, т. 1 и т. 3 од ЗРО, односно поради непочитување на работниот ред и дисциплина според правилата пропишани од страна на работодавачот и непридржување кон прописите што важат за вршење на работите на работното место. Видно од содржината на одлуката се утврдува дека истата нема образложение, односно во истата не се наведени дејствијата со кои тужителката сторила повреда на работниот ред и дисциплина, на кој начин не го почитувала работниот ред и дисциплина, кои работни обврски не ги извршувала и на кои правила и прописи не се придржувала, ниту пак е наведено кога и во кое време тужителката со своите дејствија ја сторила повредата која ѝ се става на товар. Оттука, во услови кога одлуката за откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина не ги содржи сите законски елементи, правилно првостепениот суд нашол дека одлуката на тужениот со која ѝ е откажан договорот за вработување на тужителката не е во согласност со законот и дека тужениот не ја докажал основаноста на причината за откажување на договорот за вработување.”