- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 289.65 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 12, 2012
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1385/11
„(...) првостепениот суд утврдил дека тужителката била благајник во подружницата во Велес и со тоа што на 26.12.2008 година за жирантот Н. М. пополнила потврда за неговата плата и административна забрана, се потпишала на местото раководител на финансии со ставање на запирка пред местото раководител на финансии и усно била овластена да ги врши таквите работи бидејќи раководителот за финансии бил распореден во дирекцијата во Скопје и на ваков начин тужителката имала издадено и други документи на други лица за подигање на кредит, тужителката не ги сторила повредата на работната должност и кршење на работниот ред и дисциплина од чл. 81, ст. 1, т. 1 и 3 од ЗРО и членовите 111, 118, т. 1, 2, 4, и чл. 119, т. 8 и 20 од Колективниот договор на тужениот. Според начинот на работењето кај тужениот благајникот ги пополнува обрасците издадени од банка за платата на работникот, ја пополнувал и административната забрана на платата, потоа документите се носеле на потпис кај раководителот за финансии и кај директорот и на крај се заведувале во деловната книга со ставање на штембил и ставање печат на списите и таквите документи странката ги носи во банката. Во случајов, тоа што некој друг го потпишал директорот и некој друг ставил печат на потписите и ги заверил документите во деловната книга со ставање штембил и број не може благајникот, во случајов, тужителката да сноси одговорност со тоа што таа ги пополнила документите со ставање на плата на жирантот и со потпишување на местото раководител на финансии за кое нешто била овластена.
Исто така, во случајов првостепениот суд утврдил и дека има објективна застареност во смисла на чл. 94, ст. 1 од ЗРО. Имено, дејствието се случило на 26.12.2008 година, директорот дознал на 6.7.2010 година, а одлуката ја донел на 26.8.2010 година. Бидејки рокот од 6 месеци сметано од денот на настанување на фактите кои се основ за давање на отказот изминал, настапила објективна застареност на давањето на отказот.”