- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 289.65 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 12, 2012
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1385/11
„(...) правилно првостепениот суд утврдил дека тужителот ги сторил повредите кои му се ставаат на товар во оспорената одлука, односно дека извршил дејствија кои содржат елементи на кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски на начин што сторил кражба, односно во врска со работата намерно или од крајно невнимание предизвикал штета на тужениот како негов работодавач.
(...) тој ден тужителот имал пријавено еден кандидат за возење градска и полагање, но по извршена комуникација со него се утврдило дека всушност уште еден кандидат по име Х. К. кој не бил евидентиран во Автошколата користел возило за полагање испит – градска. Од страна на тужениот бил остварен контакт и со овој кандидат кој потврдил дека на рака на тужителот му платил износ од 700,00 денари за возило и 500 денари за обука, кој износ ниту бил пријавен кај референтот кај тужениот ниту, пак, бил истиот ден уплатен на сметка на тужениот од страна на тужителот ниту, пак, тужителот имал право да врши наплата од кандидатот.
(...) како неспорно се утврдува дека секој кандидат има должност лично да врши уплата кај референтот кај тужениот, кој изготвува картон и дополнително го дава на инструкторот пред полагање, со што се има увид и се врши евиденција за тоа кој кандидат во кој ден ќе полага и дека инструкторот нема обврска да прими пари од кандидатот, туку тоа е исклучиво надлежност на референтот.
(...) се утврди дека на критичниот ден 18.6.2013 година кај тужениот бил евидентиран еден кандидат, односно дека за вториот кандидат Х. кој исто така полага градска, а истиот ден дополнително му била дадена и обука од страна на тужителот и истиот на рака на тужителот му дал износ од 1.200,00 денари, кој износ од страна на тужителот не бил пријавен кај тужениот, туку многу подоцна дури на 15.7.2013 година која околност од страна на тужителот е потврдена на закажаниот состанок со дисциплинската комисија.
Оттука, во услови кога тужениот не бил известен дека тужителот има и втор кандидат и истиот износ од 1.200,00 денари кој му бил даден на рака од страна на кандидатот Х. К. не бил пријавен, ниту уплатен на време кај тужениот, се утврдува дека се исполнети сите елементи за повредата која му се става на терет на тужителот, па тужениот имал законски основ да ја донесе предметната одлука за откажување на договорот за вработување.”