Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-873/18

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 417.55 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 14, 2018
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-873/18

„(...) тужениот во изреката на решението за отказ не ги навел конкретните дејствија на извршување, а во образложението на решението за отказ не утврдил кога и од кои конкретни докази произлегува дека тужителот сторил дејствија на извршување што претпоставуваат постапување на тужителот спротивно на правилата и прописите на тужениот.

Со оглед дека првостепениот суд се впуштил во оценка на доказите во смисла на тоа да утврди дали тужителот ги сторил дејствијата што му се ставаат на товар при што утврдил дека нема конкретен доказ дека тужителот противправно прибавил лична корист во врска со вршењето на работите и задачите од работното место на кое бил распореден и тужениот не докажал дека тужителот постапил спротивно на правилата и приписите на МВР, произлегува неоснованоста на жалбениот навод на тужениот со кој укажува дека во услови кога нема кривична пресуда со која е утврдено дали постои вина кај тужителот или не, требало судот да утврди дали постои кршење на работната дисциплина. (...)”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-625/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право