- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 302.24 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 25, 2013
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-741/13
„На тужителот му е даден отказ на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина и работните обврски во смисла на чл. 82, ст. 1, т. 4 од ЗРО, а тоа е внесува, употребува или е под дејство на алкохол или наркотични средства.
Тужителот бил вработен кај тужениот на работно место работник на груба филтрација во РЕ Финализација сектор Производство, како оператор на стабилизатор. Тужителот својата работа ја обавувал работејќи во прва или втора смена. Кога завршило работното време – во 22:52 часот била извршена со дување проверка на присутноста на алкохол и со апаратот „Дрегер” бил алкотестиран од страна на Агенцијата за обезбедување П. М. од Скопје и било констатирано присуство на алкохол во организмот од 0,17 промили. Вештото лице во писмениот наод и мислење во исказот изјавило дека присуството на алкохол од 0,17 промили до 0,20 промили, утврдено со дување преку „Дрегер”, не претставува состојба дека лицето е под дејство на алкохол, имајќи предвид дека тужителот бил изложен на јака концентрација на алкохолни пари во воздухот во просторијата во која тужителот ги обавувал своите работни задачи со постојано следење на тој процес преку отворање и затворање на вратите од цистерните и со проба – мирисање. Првостепениот суд имајќи го ова предвид правилно прифатил дека законодавецот со членот 82, т. 4 од ЗРО, не го утврдил процентот на присуството на алкохол, ниту дал дефиниција кога едно лице се смета дека е под дејство на алкохол, дека фактичко прашање е дали едно лице е под дејство на алкохол, во случајот тужителот ги завршувал работните задачи без проблем, немало никакво влијание и последици по здравствената состојба и психофизичката состојба во извршувањето на работните задачи. Дефиниција за тоа кога едно лице е под дејство на алкохол е дадена во членот 234, ст. 2 од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата. Таму е речено дека ќе се смета дека е под дејство на алкохол лицето на кое со анализа на крвата, или на крвта и урината, или со друг метод за мерење на количеството на алкохол во организмот, ќе се утврди дека содржината на алкохолот во крвта изнесува повеќе од 0,50 г/кг, или ако присуството на алкохол во организмот е утврдено со соодветни средства, или со апарати за мерење на алкохолизираноста (алкометар и друго), што одговара на количеството поголемо од 0,50 г/кг, или кога без оглед на содржината на алкохолот на крвта на стручен преглед ќе се утврди покажување знаци на алкохол. Од наведените причини овој суд смета дека првостепениот суд правилно постапил кога го усвоил тужбеното барање, а со причините за усвојување на тужбеното барање се согласува и овој суд.”