Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-441/13

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 321.80 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 24, 2013
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-441/13

„(...) правилно првостепениот суд утврдил дека писменото предупредување доставено до тужителката на 11.08.2011 година е тенденциозно донесено со намера, неколку дена подоцна тужениот да направи простор за донесување на оспорената одлука бидејќи тужениот е должен доколку смета дека тужителката не ги извршувала во целост своите работни задачи и обврски, да ја запознае со очекувањата кои ги има, да ѝ даде одреден период со цел истата да ги подобри резултатите, кое нешто од страна на тужениот не било сторено. Имено, врз основа на исказите на сведоците правилно првостепениот суд утврдил дека тужителката била вработена кај тужениот, истата не отсуствувала од работа и уредно и навремено ги извршувала своите работни задачи, како и со сигурност можело да се утврди дека критичните денови 10 и 11.08.2011 година била присутна во работните простории и на вести одел прилог во врска со убиство на српска новинарка изготвен од нејзина страна. Имено, правилно првостепениот суд утврдил дека во критичниот период тужителката приложувала идеи, извршувала одредени работни задачи и постојано се интересирала околу нејзините задачи имајќи предвид дека истата во меѓувреме била разрешена од работно место Главен и одговорен уредник и била распоредена како новинар.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-409/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право