Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-550/11

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 319.82 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 16, 2011
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-550/11

„Имено, според Одлуката бр. 85 од 10.9.2010 година, на тужителот му е откажан договорот за вработување поради тоа што сметано од 26.8.2010 година па до донесувањето на одлуката – 10.9.2010 година отсуствувал од работа, а притоа во рок од 48 часа писмено не го известил работодавачот, согласно со чл. 81, ст. 1, т. 6 и чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО.

Во текот на првостепената постапка, тужениот докажал дека извршувајќи ја пресудата на Врховниот суд, РЕВ.бр.56/10 од 5.5.2010 година, на ден 10.8.2010 година донел Одлука бр. 65, со која тужителот го вратил на работа, на работно место Специјалист по протетика сметано од 16.8.2010 година, дека на 2.9.2010 година донел и Решение бр. 78 со кое на тужителот му ја доделил стоматолошката ординација бр. 1, дека го пријавил тужителот и му ја исплатил платата од враќањето на работа до новиот престанок на работниот однос.

Меѓутоа, со оглед да тужениот не го повикал тужителот на работа и не му склучил договор за работа, не го вовел во фактичко извршување на работата, а неспорно се докажува дека тужителот ја примил одлуката за враќање на работа на 2.9.2010 година, тогаш се јавил на работа и тогаш му е дадено решението за доделување на ординацијата, произлегува дека тужителот не ни започнал со работа, а веќе му е даден отказ за престанок на работниот однос поради недоаѓање на работа три последователни работи дена и поради неизвестување. Бидејќи на тужителот му престанал работниот однос и со пресуда е задолжен тужениот да го врати на работа, тужениот бил должен, покрај донесувањето на одлука за враќање на работа, требал со тужителот да склучи и договор за вработување и да го повика да дојде на работа, фактички да го воведе во работа и после тоа доколку тужителот не доаѓал на работа, дури тогаш можел да му изрече нов престанок на работниот однос. Во случајот тужителот донел само одлука за враќање на работа, во која одлука стои дека тужителот се враќа на работа сметано од 16.8.2010 година, меѓутоа оваа одлука му ја доставил на тужителот со препорачана пошта и тужителот ја примил на 2.9.2010 година, така што сега не може ретроактивно да се смета дека тужителот од 26.8.2010 година не доаѓал на работа.

(...) тужениот не докажал како ја имал устроено евиденцијата за доаѓање на работа – дали со електронска картичка или, пак, со потпис на евидентна листа. Приложената евидентна листа не е основ за докажување дека тужителот редовно доаѓал на работа до 26.8.2010 година, затоа што приложената евидентна листа се однесува за 24 и 25.8.2010 година, а нема доказ дека после 26.8.2010 година тужителот не доаѓал на работа. Тоа што тужителот бил пријавен, му била исплатена плата од враќањето на работа до престанокот на работниот однос, не е основ да се изрече престанокот поради неоправдано отсуство од работа три последователни работни дена.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев.бр.655/2010
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право