Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1234/12

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 287.43 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање август 30, 2012
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1234/12

„При состојба кога тужениот ја донел одлуката за откажување на договорот за вработување врз основа на чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО, затоа што тужителката сметано од 10.2.2011 година до 14.2.2011 година отсуствувала од работа 3 дена последователно, а за тоа не го известила работодавецот ниту, пак, го оправдала своето отсуство после враќањето на работа и при состојба кога првостепениот суд врз основа на доказите на кои поклонува верба, а тоа се деталните сметки на телефонските разговори, електронската порака, исказот на сведокот Н. П. и исказот на тужителката сослушана во својство на странка, утврдил дека тужителката била на боледување заради своето дете и за тоа има извештај за привремена спреченост на работа од лекар и преку СМС порака ги известила надлежните претпоставени и истите биле запознати, правилна е одлуката на првостепениот суд кога тужбеното барање на тужителката е усвоено, односно правилен е закучокот на првостепениот суд дека донесената одлука за отказ е незаконита. Според одлуката за отказ, основната и единствена причина за отказот е неоправданото изостанување од работа 3 последователни работни дена и ништо друго и сето друго е ирелевантно. Бидејќи тужителката оправдано отсуствувала од работа и за тоа има доказ нема основ за отказ на договорот за вработување.

Според чл. 81, ст. 1, т. 5 и 6 од ЗРО постои обврска и причина за отказ, но во случајот одлуката за отказ не е донесена според овој основ и тоа не е предмет на расправа.

Жалбениот навод со каква содржина била СМС пораката е ирелевантна бидејќи тоа не е причина и предмет на отказот, ниту пак тужениот го докажал спротивното, односно со каква содржина била СМС пораката ако не се однесувала за нејзиното боледување и отсуство од работа.

Дали имало обврска боледувањето да се доставува после 3 дена по враќањето од работа, исто така е ирелевантно.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-637/12
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право