Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1322/10

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 361.13 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 3, 2011
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1322/10

„Овој суд го ценеше жалбениот навод на тужениот дека тужителот извршил фиктивно задолжување со 48000 литри гориво, односно прикажал лажна состојба на горивата што, пак, влијае на пописната состојба на горивата на крајот на годината, така што иако со годишниот попис не бил утврден кусок на горивата не значи дека тужителот не ја сторил повредата на работните обврски опишана во решението бр. 0407-11981/4 од 24.12.2008 година, меѓутоа не гo прифати за основан. Ова од причина што во уводот на решението ставена е одредбата од чл. 82, ст. 1, т. 5 од ЗРО, што значи дека со оспореното решение на тужителот му се става на товар повреда од чл. 82, ст. 1, т. 5 од ЗРО, односно дека сторил кражба или во врска со работата намерно или од крајно невнимание предизвикал штета на работодавачот. Меѓутоа, по овој основ не може да се даде отказот бидејќи од доказите изведени во текот на постапката се утврдува дека во складот Илинден на пописот на 31.3.2007 година до 30.9.2007 година не бил појавен ниту кусок, ниту вишок. Во случајот тужителот се терети дека извршил фиктивен прием на Еко Дизел гориво и Екстра Лесно на начин што со свој потпис на испратници-примки за течни горива го потврдил приемот и со евидентирање на овие документи во стоковата евиденција на персоналниот компјутер стоково го задолжил Складот за количини од 48000 литри гориво, со што предизвикал штета на М. АД Скопје. Имајќи предвид дека за периодот сметано од 31.3.2007 година до 30.9.2007 година не бил појавен ниту кусок, ниту вишок, тужениот не бил во можност да му изрече престанокот на работниот однос на тужителот по овој основ врз основа на чл. 82, ст. 1, т. 5 од ЗРО.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1188/10
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право