Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-526/14

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 528.24 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 9, 2015
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-526/14

„(...) првостепениот суд правилно утврдил дека тужениот не навел, ниту опишал со кои дејствија тужителот критичниот ден на 13.11.2012 година го прекршил работниот ред и дисциплина и предизвикал неред и насилнички се однесувал на своето работно место. Тужениот, исто така, не го навел конкретното дејствие што го сторил тужителот, со кое дејствие го спречил Извршниот директор Џ. З. во редовното вршење на својата функција и се обидел да го отстрани од седиштето на работодавачот, како и дека тужениот не навел во кој Акт на работодавачот, дејствијата што ги сторил тужителот биле предвидени како кршење на работниот ред и дисциплина, со чие сторување од страна на работникот, работодавачот може да му го откаже договорот за вработување со отказен рок.

Согласно со чл. 72 од ЗРО, ако работодавачот го откажува договорот за вработување, е должен да го наведе основот за отказот, утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот и да ја докаже основаноста на причината која го оправдува отказот.

Согласно со чл. 74 од ЗРО, отказот на договорот за вработување задолжително се изрекува во писмена форма, работодавачот е должен писмено да го образложи откажувањето на договорот, како и да му укаже на работникот на правната заштита и да го запознае со неговите права од осигурување во случај на невработеност, согласно со закон.

Според горецитираните законски одредби произлегува дека кога работодавачот го откажува договорот за вработување во својата одлука е должен да го наведе основот за откажување на договорот за вработување и во истата да го образложи откажувањето на договорот за вработување, односно да наведе на кој начин, со кои дејствија, во кој временски период и слично работникот сторил повреда на работниот ред и дисциплина. Тужениот ja донел одлуката број 04-304 од 21.11.2012 година со која му го откажал договорот за вработување на тужителот врз основа на чл. 74, чл. 81, ст .1, т. 10 и чл. 85 и 86 од ЗРО поради кршење на работниот ред и дисциплина. Видно од содржината на одлуката се утврдува дека истата нема образложение, односно во истата не се наведени дејствијата со кои тужителот сторил повреда на работниот ред и дисциплина, на кој начин не го почитувал работниот ред и дисциплина, ниту пак е наведено кога и во кое време тужителот со своите дејствија ја сторил повредата која му се става на товар, односно не е наведено во што се состои нередот и насилничкото однесување на тужителот на работното место, поради што не може да се цени поради што е откажувањето на договорот за вработување.

Оттука, во услови кога одлуката за откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина не ги содржи сите законски елементи, правилно првостепениот суд нашол дека одлуката на тужениот со која му е откажан договорот за вработување на тужителот не е во согласност со законот и дека тужениот не ја докажал основаноста на причината за откажување на договорот за вработување.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-391/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право