Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-233/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 378.10 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 15, 2014
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-233/14

„(...) во случајот тужителката била запозната дека како работник распореден на работно место асистент на продажба на Free shop продавница е задолжена при вршење продажба на продажно место да побара бординг карта од потрошувачот и податоците да ги внесе во компјутер, во спрoтивно би постапила надвор од царинските регулативи, што значи дека била свесна за противправноста на своето дејствие поради што преземала дејствија за да го покрие постапувањето кое е спротивно на правилата на работодавачот и спротивно на чл. 127, ст. 1 и ст. 5 од Царинскиот закон. Имено, во согласност со овие законски одредби, како и интерните прописи на тужениот бр.04-09/2 од 04.01.2012 година и тоа точка 25 и 26 од работните принципи, работникот распореден на работно место асистент на продажба во Free shop продавница во никој случај не може да купи било каков производ од продавницата. Од изведените докази во текот на постапката, а особено од исказот на сведокот Х. П. произлегува дека пари за купување на чоколадото кое било во вредност од 92,00 денари во касата не внела ниту тужителката, ниту нејзината колешка О. А. Ваквиот факт произлегува и од писмените докази и тоа од спецификацијата за non schengen duty free shop од која е видно дека не е направена уплата на предметното чоколадо од 92,00 денари. Фактот дека при извршениот попис за време на ноќната смена не бил утврден кусок во дневниот промет на конкретната продавница се појавило од причина што од продавницата било дозволено плаќање во различни валути, додека попис бил вршен во денари поради што поради различните курсови секогаш се појавувал вишок по овој основ кој во случајов од тужителката бил искористен за покривање на кусокот за земеното чоколадо.

Неоснован е и жалбениот навод на тужителката дека решението со кое е откажан Договорот за вработување е незаконито од причина што пред донесување на одлуката за престанок на работниот однос не ѝ била дадена прилика да се произнесе по однос на повредата која ѝ се става на товар. Ова од причина што сторените пропусти од работодавачот при водење на постапката за престанок на работниот однос на тужителката поради кршење на работната дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, Колективен договор и Договор за работа, што се состои од оневозможување на работникот да се изјасни за наводите изнесени како причина за престанок на работниот однос сами по себе не претставуваат основ за поништување на решение за престанок на работниот однос на тужителката, односно вака сторениот пропуст не е од влијание врз законитоста на донесеното решение, бидејќи тужителката со приговорот се произнела по однос на делото што ѝ се става на товар, а тужениот како работодавач се произнел по ваквите наводи со Одлука по приговорот бр.04-361/3 од 05.06.2012 година.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-313/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право