Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1029/13

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 510.60 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 13, 2013
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1029/13

„Согласно Договорот за вработување и Функционалниот опис број 6, работните обврски на вработените на работно место Електромонтер, одржување и ремонт на водови и мрежи во групата служба за корисници биле опслужување на корисници, изградба, експлоатација и одржување на постројките, вклучително и на мерните уреди, информирање, отчитување, опслужување на наплатните места, исклучување инкасо, повторно вклучување, преземање и обработка на барања, замена на броила, управување на отчитувањето и податоците за броило, замена на броило, отстранување на дефекти во и надвор од работното време, работа со корисници и поддршка на други групи и КЕЦ по потреба. Работните задачи ги извршувал по насоки, препорака и упатства дадени од раководителот на КЕЦ-от и Раководителот на групата.

Со склучувањето на договорот за вработување тужителот – работникот ги прифатил обврските кои произлегуваат од ЗРО и други закони и прописи, Колективен договор и други акти на работодавачот и одредбите од договорот за вработување, а особено совесно, навремено и квалитетно да ги извршува работите од работното место, за кое го склучил Договорот за вработување, да ги почитува барањата и упатствата на работодавачот во врска со исполнувањето на работните обврски од работниот однос, должен е да се воздржи од сите постапки кои со оглед на природата на работата што ја врши кај работодавачот се штетни или би ги повредиле интересите на работодавачот, за времетраењето на работниот однос без согласност на работодавачот за своја или туѓа сметка да не врши или склучува работи, кои спаѓаат во дејноста на работодавачот и истите значат или би можеле да значат конкуренција на работодавачот и други обврски таксативно наброени во договорот.

(...) и по наоѓање на овој суд, тужителот со своите дејствија ја сторил повредата која му се става на товар, односно тужителот со тоа што без налог за работа монтирал ЕВН броило во новоизградениот објект, овозможил на странката на нелегален начин да се здобие со приклучок, постапил спротивно на работните обврски од чл. 15, ст. 1, т. 1, 2 и 6 и 8 од Колективниот договорот на Друштвото и чл. 7 од Договорот за вработување, при што сторил повреда на работниот ред и дисциплина согласно со чл. 81, ст. 1, т. 1, 2 и 3 од ЗРО, па оттука правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот имал основ да го откаже на тужителот договорот за вработување согласно со чл. 81, ст. 1, т. 1, 2 и 3 од ЗРО.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-950/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право