Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-393/11

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 295.00 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 21, 2011
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-393/11

„(...) по наоѓање на овој суд основано во жалбата на тужениот се укажува дека првостепениот суд погрешно утврдил дека тужителот ги вратил парите кои му биле предадени на ден 07.03.2008 година во износ од 2.500,00 денари на име извршена услуга за фирмата О. без притоа да се изведе било каков писмен доказ, освен исказот на тужителот дека истиот парите ги вратил на плаќачот, а како доказ од страна на тужителот била приложена потврдата од О. издадена на 23.02.2009 година по истекот на една година. Имено, првостепениот суд не го зел во вид фактот кога и на кој начин тужителот ги вратил парите и зошто истите не ги уплатил во банка.

Поради напред изнесеното, овој суд наоѓа дека тужениот правилно и во согласност со одредбите од чл. 81, ст. 1, т. 2 и 11 од Законот за работните односи за сторената повреда на работните обврски на тужителот му изрекол престанок на работниот однос (...).”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-204/11
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право