- Version
- Преземи 3
- Големина на фајлот 414.66 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање декември 22, 2016
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1559/15
„Во конкретниот случај во оспорената одлука за откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина и работните обврски без отказен рок, ниту во текот на постапката, тужениот не докажал дека лично тужителот го повредил работниот ред и дисциплина, дека сторил кражба и дека истиот директно е одговорен за штетата што ја претрпел тужениот. Ова дотолку повеќе што при заминување од работа на капијата каде што се претресуваат работниците не бил пронајден кабел кај тужителот, ниту пак кај тужителот е пронајден кабел, што значи дека не постои доказ дека тужителот земал кабел, поради што и по оценка на овој суд од страна на тужителот не се сторени повреди на работниот ред и дисциплина согласно чл. 82, став 1, точка 5 од ЗРО, поради што донесената одлука за отказ на договорот за вработување на тужениот не е во согласност со законот, односно тужениот не ја докажал основаноста на причината за откажување на договорот за вработување.”