- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 383.74 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 19, 2010
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-651/10
„(...) во конкрeтниот случај тужениот донел законита одлука за престанок на работниот однос на тужителката со откажување на договорот за вработување без отказен рок и постапил согласно Законот за работни односи. Ова од причина што од изведените докази во постапката, судот утврдил дека тужителката ја сторила наведената поврeда, односно направила кршење на работната дисциплина на начин што постапувала спротивно на одредбите на ЗРО, кои биле предвидени во договорот за работа и извршување на работните задачи, го прекршила работниот ред и дисциплина на начин што истата од работа последователно изостанала 5 работни дена и тоа: на 01, 02, 03, 04 и 05.12.2008 година и за отсуството не го известила писмено работодавецот.
Неоснован е и жалбениот навод на тужителката дека погрешен е заклучокот на првостепениот суд дека тужителката не го известила тужениот дека е на боледување и посебно дека на 15.12.2008 година го доставила боледувањето.
Имено, правилно судот утврдил дека по протекот на трите работни дена кои тужителката ги добила од работодавецот поради смртен случај на близок роднина, не се вратила на работа, не го известила тужениот кога ќе дојде на работа, па на работа се јавила на 09.12.2008 година, кога го известила тужениот дека била преокупирана со верски обичаи околу погребот и дека е на боледување, па на работа дошла на 15.12.2008 година, а на 01.12.2008 година не му се јавила на тужениот, ниту го известила дека е на боледување.
Оттука, како тужителката ја сторила наведената повреда, направила кршење на работната дисциплина, односно од работа изостанала повеќе од три последователни работни дена, односно пет работни дена и тоа: на 01, 02, 03, 04 и 05.12.2008 година и за отсуството не го известила работодавецот, во предвидениот рок, писмено, а ниту усно, првостепениот суд на правилно утврдената фактичка состојба, правилно го применил и материјалното право од чл. 82, ст. 1, т. 1 и чл. 86 од ЗРО (...).”