Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-52/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 325.31 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 19, 2014
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-52/14

„(...) во конкретниот случај тужениот донел решение за престанок на работен однос бр. 0402-64/1 од 08.02.2013 година согласно чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО затоа што тужителот неоправдано отсуствувал од работа 3 последователни работни дена, односно дека истиот од 05.02.2013 година па до 08.02.2013 година не се појавил на своето работно место, како и дека за своето недоаѓање на работа не го известил тужениот, ниту го оправдал својот изостанок, а не поради тоа што не го известил во рок од 48 часа работодавачот дека поради болест или оправдани причини отсуствува од работа. Имено, согласно со законските одредби од ЗРО кои го регулираат правното прашање за откажување договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина, работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување меѓу повеќето таксативно наброени случаи, може и ако работникот: поради болест или оправдани причини отсуствува од работа, а за тоа во рок од 48 часа, писмено не го извести работодавачот и ако неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година, што значи дека се работи за два различни основи, па како тужителот доставил извештај за привремена спреченост за работа од Приватна здравствена установа – ординација по општа медицина и ординација по општа стоматологија Скопје, бр. 416 од 19.02.2013 година, од кое се констатира дека истиот бил спречен да ги извршува работните обврски и задачи од 05.02.2013 година заклучно до 19.02.2013 година, поради болест и повреда надвор од работа, правилно првостепениот суд постапил кога го усвоил тужбеното барање на тужителот и одлучи како во изреката на пресудата.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-23/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право