Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-649/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 486.33 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 22, 2015
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-649/14

„(...) со оспорената одлука за отказ на договорот за вработување бр.03-510 од 28.03.2011 година на тужителот му се става на товар повреда на работниот ред и дисциплина од чл. 82, ст. 1, т. 5 од ЗРО, поради тоа што на ден 18.03.2011 година во трета смена, без наредба и дозвола на сменоводител или претпоставен, самоволно донел одлука за преземање на дејство во текот на производниот процес со што повторно предизвикал штета. Меѓутоа, видно од списите во предметот произлегува дека во текот на постапката тужениот не докажал дека издал наредба да не се пушта перење на резервоарите додека не заврши процесот на производство на базата од портокал или на било кој начин истата ја доставил до вработените, таков доказ не доставил, ниту пак се докажа дека било кој вработен надлежен кај тужениот му наложил на тужителот да постапува на одреден начин во ракувањето со машината за производство на сокови. Имено, од изведените докази во текот на постапката произлегува дека тужителот при своето работење постапил согласно неговите работни задачи и со неговото постапување не му причинил штета на тужениот, кој после настанот бил распореден на друго работно место, односно палетизирање на готов производ. Значи, тужителот лично го редел по палети финалниот производ од сирупот од портокал од целата база која била разредена. Фактот што предметниот сок, односно сируп бил пуштен во производство и дистрибуиран за продажба, укажува дека наведената причина за евентуално нанесената штета на работодавецот е неоснована. Имајќи го предвид наведеното и по оценка на овој суд, правилно првостепениот суд утврдил дека тужителот со намера или крајно невнимание не му причинил штета на тужениот, ниту пак во дејствијата на тужителот се содржани елементи на кршење на работниот ред и дисциплина, поради што правилно судот постапил кога ја поништил како незаконита одлуката за отказ на договорот за вработување, задолжувајќи го тужениот да го врати тужителот на работно место соодветно на неговите квалификации согласно неговата стручна спрема.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-671/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право