- Version
- Преземи 8
- Големина на фајлот 670.63 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 3, 2018
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-666/18
„Според утврденото од првостепениот суд, тужениот, постапувајќи по задолжението за враќање на работа на тужителот изречено со правосилна и извршна пресуда на Основен суд Скопје 2 Скопје Ро.бр.1232/15 од 18.03.2016 година, со Известувањето број 04-2904/1 од 11.05.2016 година, бил известен и повикан тужителот од страна на тужениот да се јави на работа кај работодавачот Д. Н. ДОО С. на бул. (...), бр. (...) С., а по кое известување тужителот одговорил – произнел со писмо – Одговор на известување од 11.05.2016 година, примен кај тужениот на 27.05.2016 година, во кое се изјаснил дека во законскиот рок од 3 дена постапува по истото и се јавува кај работодавачот, за што тужениот ја донел и Одлуката за враќање на работник на работа, заведена под број 04-3423/1, со која работникот Ш. А. на ден 08.06.2016 година се враќа на работа и се распоредува на работно место согласно неговата стручна подготовка и склучениот Договор за работа број 05-352 од ден 06.06.2016 година и за што со Известувањето број 04-3453/1 од 08.06.2016 година го известува тужителот дека го пријавил во АВ на РМ на ден 08.06.2016 година.
Заклучокот на судот по однос на околноста дека тужениот сторил повреда на ЗРО бидејќи горенаведените известувања и одлуката за враќање на работа се примени од лицето А. Д., а не од тужителот, па поради тоа е незаконит предметниот отказ, по оценка на овој суд не наоѓаат поткрепа во одредбите од ЗРО, од причина што освен одредбата од чл. 75 во ЗРО кој ја уредува личната достава на одлука за откажување на договорот за вработување, што не е случај во предметниот спор, нема друга одредба која го обврзува тужениот за лична достава која кога би ја повредил, би постапил спротивно на ЗРО, како што заклучува првостепениот суд, притоа не наведувајќи ниедна одредба од ЗРО во таа смисла.
Применувајќи го Законот за парничната постапка и тоа одредбата од чл. 137 од ЗПП, која уредува дека тужба, платен налог, вонреден правен лек, пресуда, решение и др., се доставуваат лично до странката, па заклучувајќи дека со тоа што тужениот не извршил лична достава на горенаведените акти го повредил цитираниот член поради што, пак, изречениот отказ од неоправдано отсуство од работа е незаконит, според мислењето на овој суд погрешно постапил првостепениот суд, бидејќи процесниот закон кој го применува ги уредува правилата на постапување меѓу суд и странки, а не меѓу работник и работодавач, а како во конкретната правна работа се работи за работен однос помеѓу работник и работодавач, за сите правни прашања кои ќе произлезат од оваа правна работа се одлучува исклучиво само преку примена на Законот за работни односи како lex specialis.
Исто така, овој суд не се согласува со изразениот заклучок на првостепениот суд по однос на околноста дека тужениот во Образецот М1/М2 внел погрешни податоци за враќање на тужителот на работа, поради што изречениот отказ со предметната одлука е незаконит, бидејќи во конкретниот случај не се работи за тужбено барање за утврдување на вистинитост/невистинитост на јавна исправа, за да може судот преку таквите околности да утврди незаконит отказ, туку предмет на спор е утврдување на законитост/незаконитост на одлука за откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина без отказен рок, согласно чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО, поради неоправдано отсуство од работа три последователни работни дена или пет дена во текот на годината, па судот требал да утврди дали работникот сега тужителот ги сторил или не повредите кои му се ставаат на товар со оспорената одлука за отказ на договорот за вработување согласно чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО, а кои околности и факти според правната состојба горе наведена е утврден на начин што произлегува дека тужителот ги сторил повредите кои му се ставаат на товар со предметната одлука.
Ова дотолку повеќе што, според списите во предметот, за време на целиот предметен период до донесувањето на предметната одлука за откажување на договорот за вработување, тужителот нема доставено докази дека презел дејствија за извршување на правосилната пресуда, односно дека истиот писмено барал да се постапи согласно со правосилната и извршна пресуда на Основен суд Скопје 2 Скопје РО.бр.1232/15 од 18.03.2016 година, па како тужителот и покрај тоа што бил запознаен со фактот дека тужениот постапил согласно изреката на правосилната пресуда на Основниот суд Скопје 2 Скопје Ро.бр.1232/15 од 18.03.2016 година, дека со одлуката за враќање на работа согласно договорот за работа бр.05-352 од 06.06.2016 година го вратил на работа и го пријавил во Агенцијата за вработување на град Скопје (АВРМ) почнувајќи од 08.06.2016 година, со што истиот повторно засновал работен однос со тужениот, а истиот не се јавил на работа и не го оправдал својот изостанок во периодот наведен во образложението на предметната одлука, произлегува дека тужениот имал законски основ да ја донесе одлуката за откажување на договорот за вработување согласно со одредбата од чл. 82, ст. 1, т. 1 од ЗРО.”