Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1600/12

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 314.97 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 31, 2012
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1600/12

„(...) во конкретниот случај постои повреда од страна на тужителката заради недоаѓање последователно на работа од 5 дена од причина што тужителката без писмено одобрение за отсуство од работа, односно без решение за користење на годишен одмор отсуствувала од работа во периодот од 07.02.2011 година до 11.02.2011 година.

Неоснован е жалбениот навод на тужителот во кој наведува дека во конкретниот случај не се работело за користење на годишен одмор, туку се работи за петдневно отсуство, кое отсуство кај работодавачот е вообичаено, при што колегијално се заменуваат во извршувањето на работните задачи и работните денови на отсуствување се вкалкулирале во вкупниот број на денови на годишниот одмор и како такви се плаќале при исплата на личниот доход. Ова од причина што тужителката истата е должна да го известува својот работодавач за секое отсуство од работа согласно со законските одредби од ЗРО па со тоа што не го известила својот работодавач и не добила одобрение за отсуство од работа сторила повреда на работниот ред и дисциплина и истата не ги исполнила своите работни обврски кое повлекува откажување на договорот за вработување без отказен рок согласно со законските одредби од чл. 82 од ЗРО.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1263/12
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право