Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-194/16

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 442.77 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 9, 2016
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-194/16

„(...) кога работодавачот го откажува договорот за вработување во својата одлука – решение е должен да го наведе основот за откажување на договорот за вработување и во истата да го образложи откажувањето на договорот за вработување, односно да наведе на кој начин, со кои дејствија, во кој временски период и слично работникот сторил повреда на работниот ред и дисциплина.

Видно од содржината на решението за откажување на договорот за вработување, истото нема прецизиран основ за откажување на договорот за вработување, нема образложение на основот и причините за откажување на договорот за вработување кое го оправдува отказот, кое нешто е од суштествено значење при давањето на отказот.

Во образложението на решението за откажување на договорот за вработување бр. (...) од 07.07.2014 година тужениот наведува само дека постои симптоматично однесување на работникот, сега тужителот, дека постои пријава од клиент против тужителот под сомневање дека сторил повреда на кодексот на однесување и кршење на работниот ред и дисциплина па отворена била интерна истрага во текот на која се преземени дејствија кои произлегуваат од рамките на овластување на внатрешната ревизија и во текот на која се преземени дејствија кои ја нарушуваат приватноста и за кои нема одобрение од надлежен орган. Исто така, се наведува дека откако дициплинската комисија ги утврдила пропустите во работењето на работникот, донела одлука за откажување на договорот за вработување бидејќи сторил прекршување на Генералните принципи на Кодексот на однесување, сторил злоупотреба констатирана преку детална проверка на банкарските трансфери коишто се јавуваат помеѓу клиентите на Банката со кои директно работел тужителот, а кои биле насочени кон жиро-сметката на едно правно лице за кое работникот бил обвинет дека е скриен сопственик. Воедно, во образложението е наведено дека работникот, сега тужителот, сторил прекршување на точка 5 од Кодексот на однесување со тоа што бил одговорен за кредитот на својата сопруга во период од 3 месеци и не ги известил своите претпоставени или Секторот за човечки ресурси за конфликт на интерес иако бил запознаен со Кодексот на однесување.

Согласно со горенаведеното, како и видно од самото решение за откажување на договорот за вработување, по наоѓање на овој суд, правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот не ја докажал основаноста на причината која го оправдува отказот и дека се што е наведено во образложението на истото се заснова на претпоставки и можни однесувања од страна на тужителот, сомневања и симптоматично однесување, што не може да претставува образложено докажување на причината која го оправдува отказот, односно во истото не се наведени дејствијата со кои тужителот сторил повреда на работниот ред и дисциплина, на кој начин не го почитувал работниот ред и дисциплина, кодексот на однесување, ниту пак е наведено кога и во кое време тужител со своите дејствија ја сторил повредата која му се става на товар.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.96/2015
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право