Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1144/11

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 378.64 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 30, 2011
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1144/11

„Неосновани се и жалбените наводи на тужениот дека првостепениот суд погрешно утврдил дека сведоците С. Т. и С. Љ. како лицa вработени во обезбедувањето требало да го пријават тужителот на полицијата и да го задржат тужителот, макар и со примена на сила, до доаѓање на полицијата затоа што не се работело за кривично дело за кое може да се гони по службена должност. Ова од причина што не само што овие сведоци не го пријавиле тужителот во полиција, туку и не го задржале на лице место доколку бил фатен при кражба на сточна храна барем до доаѓањето на овластено лице на тужениот и обезбедувањето на доказ како и давањето на писмена изјава за настанот од тужителот.

Неосновани се и жалбените наводи на тужениот дека првостепениот суд при донесувањето на обжалената пресуда не се повикал ниту на една законска одредба на која истата ја засновува. Ова од причина што првостепениот суд во обжалената пресуда ги има наведено законските одредби на кои ја засновува обжалената пресуда, а пред се утврдил дека не се исполнети условите утврдени од член 82, ст. 5 од Законот за работните односи, односно дека тужителот не сторил кражба на работа или во врска со работата, а поради тоа и дека тужениот немал основ да му изрече отказ на договор за вработување.

Неосновани се и жалбените наводи на тужениот дека првостепениот суд погрешно го применил член 102, ст. 7 од ЗРО, кога го одбил барањето на тужениот да не го врати тужителот на работа од причина што тужениот како работодавач во целост ја загубил довербата во тужителот како вработен и дека тоа штетно би се одразило на работната атмосфера и дисциплина кај тужениот, а согласно член 102, ст. 6 од ЗРО. Ова од причина што првостепениот суд правилно ја применил напред наведената одредба кога не го прифатил барањето на тужениот тужителот да не биде вратен на работа. (...)”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1202/11
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право