Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-181/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 321.93 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 19, 2014
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-181/14

„(...) правилно првостепениот суд утврдил дека тужителот ја користел паузата во ноќната смена кога бил виден надвор во 23:48 часот, бидејќи паузата се користела клизно, со што тужителот не сторил повреда на работниот ред и дисциплина и истиот се придржувал на работното време, распоредот и користењето на работното време кое нешто било видно од проверките кои што ги направил тужениот од коишто произлегува дека биле изработни толку парчиња колку што требало да бидат изработени. Исто така, судот од доказите изведени во текот на постапката правилно утврдил дека тужениот не утврдил дали тужителот не постапувал совесно или во согласност со техничките упатства за работа, бидејќи и тужителот и сведокот С. Д., а и сведокот З. О. во своите искази навеле дека било вообичаено работниците меѓу себе да се известуваат и да си даваат согласност да ги надгледуваат машините додека другите вработени го користат времето за пауза, како и тоа дека машините не биле оставени без надзор во халата каде што се наоѓале, бидејќи во погонот имало и други работници коишто доколку имало потреба, можеле да реагираат.

Од наведеното произлегува дека тужениот не навел образложени причини во одлуката за отказ, односно не навел во што се состои ненавременоста и несовесноста во извршувањето на работните задачи од страна на тужителот, непочитувањето на работниот ред и дисциплина и непочитувањето на прописите кои важеле за вршење на работата и работните задачи. Така, согласно чл. 74, ст. 1 од ЗРО, отказот на договорот за вработување задолжително се изрекува во писмена форма, а согласно ст. 2 од истиот член работодавачот е должен писмено да го образложи откажувањето на договорот, како и да му укаже на работникот на правната заштита и да го запознае со неговите права од осигурување во случај на невработеност, согласно со закон. Според тоа, видно од оспорената одлука бр.02-5047 од 01.11.2012 година, а со кое на тужителот му е изречен престанок на работниот однос, тужениот само ги навел основните причини за отказ на договорот за вработување на тужителот, без да даде образложени причини за сторените повреди за кои се товари тужителот. Според тоа, одлуката за отказ нема основана причина за отказ определена со Закон, КД, договор за вработување и правилник на работодавачот за работниот ред и дисциплина и со ништо не е докажана основаноста на причината која го оправдува отказот. Притоа, треба да се има предвид и тоа дека тужениот како работодавач со свој акт требал точно да определи кога работниците ќе го користат годишниот одмор и дека не може врз основа на неутврдени акти да се цени навременото или ненавременото користење на дневниот одмор.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-436/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право