- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 347.13 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 25, 2010
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1099/09
„Овој суд ги ценеше жалбените наводи на тужителот дека првостепениот суд во текот на постапката не извел ниту еден доказ врз основа на кој би се утврдило од кој период до кој период тужителот користел слободни работни денови, а уште повеќе што на тужителот му бил даден отказ согласно членот 82, став 1, точка 5 од ЗРО, односно за извршена кражба на две метални огради со намера за себе да прибави имотна корист, меѓутоа истите не ги прифати од причина што без оглед дали на 19.12.2008 година тужителот користел слободни работни денови или не, во услови кога на критичниот ден бил присутен на одржаната свеченост во просториите на тужениот, одзел две метални огради сопственост на тужениот, произлегува дека сторил кршење на работната дисциплина за која правилно му е изречен отказ на договорот за вработување без отказен рок.”