Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1863/12

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 549.72 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 28, 2013
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1863/12

„Тужителката кај тужениот работела на работно место сменоводител и истата веднаш по вработувањето посетила потребна обука за извршување на работните обврски за сменоводител. За извршување на работните обврски кај тужениот биле донесени внатрешни акти за работни инструкции за секое работно место, како и за работното место сменоводител и за контрола за квалитетот во процесот за производство на крвни линии создаден од 10.12.2009 година.

Со писмено предупредување бр. 711 од 22.06.2011 година тужителката била предупредена од раководителот на тужениот дека несовесно ги извршува работните обврски и не се придржувала кон прописите што важат за вршење на нејзиното работно место, со образложение дека на ден 21.06.2011 година за време на трета смена било утврдено драстично намалување на производството, а причината за тоа била невклучување на системот за ладење на машината за пакување, што создало проблем при лепење на хартијата и филмот на паковката на финалниот производ и дека последиците од ваквото несовесно извршување на работните обврски значеле намалено производство, уништена гума за лепење на паковката и ненавремена достава на производите на деловниот партнер. На тужителката ѝ било укажано дека како сменоводител не увидела дека операторот задолжен за пакување не ги извршувал своите работни задачи и тоа таа не го пријавила на претпоставените. Тужителката одбила да го прими и потпише ова предупредување.

Тужениот на ден 22.06.2011 година примил поплака од страна на деловниот партнер од Германија, дека производот со код F0000257 и број на лот SCV 11201 бил неисправен, дека настанало истекување за време на третман од хепаринска линија која резултирала со загуба на крв од 1000 мл. на пациент, а видно од налозите и извештаи за контрола на квалитет на процесот, тужителката работела како одговорен сменоводител и била одговорна за процесот на производството на ден 14.03.2011 година во втора смена кога биле произведени сетови на крвни линии со број на код F0000257 и број на лот SCV 11201. Во периодот кога биле изработувани рекламираните производи, кај тужениот имало инструкции 50% од истите да бидат контролирани покрај визуелната контрола и на апарат, па како тужителката како одговорен сменоводител без да врши нагледување на работата на персоналот која значела пропуштање на вршење на визуелна контрола на 50% од производите кои не минале на контрола на уред за што имала обврска согласно со работните инструкции, согласно со кои за извршител на ова работно место обврска била: да го следи планот за квалитет, да врши контрола на документи и записи, да ја контролира техничката документација, да го нагледува персоналот во производството, да изврши контрола на првиот составен производствениот оддел, да се согласува со наредбите на Менаџментот, да ја почитува политиката за употреба на уреди одобрени од Одделот за контрола на квалитет, да ги контролира и следи процесите во смената и да комуницира со менаџерот за производство и Одделот за контрола на квалитет за проблемите на производството, дозволила да се случи неисправност на крвната линија поради што дошло до истекување од хепаринската линија што предизвикала загуба од 1000 мл. крв на пациент и на овој начин дозволила да дојде до инцидент со што ставила во опасност човечки живот, правилно првостепениот суд утврдил дека тужителката ја сторила повредата која ѝ се става на товар, односно дека истата со крајно невнимание не ги исполнила работните обврски поради што тужениот претрпел и материјална загуба и нематеријална во нарушување на угледот со тоа што примил рекламација на производите производени во времето кога тужителката била одговорна за работа во смена и била одговорна за процесот на производството од страна на деловниот партнер од Германија и дека кај истата стои солидарна одговорност со останатите одговорни работници на кои им е откажан договорот за вработување, од причина што не можело со сигурност да се утврди точно во која смена бил производен сетот, што било причина тужениот да им го откаже договорот за вработување не само на тужителката, туку и на другите вработени кои работеле во смените на 11.03.2011 и 14.03.2011 година и на крвните линии со означениот код F0000257 и лот SCV 11201.

(...) првостепениот суд правилно го применил материјалното право кога согласно со чл. 72 и чл. 74 од ЗРО го одбил тужбеното барање на тужителот и одлучил како во изреката на првостепената пресуда, наоѓајќи дека одлуката на тужениот е законита, односно видно од содржината на истата произлегува дека тужениот ги запазил сите законски услови предвидени во ЗРО, во случајот за донесување на одлука за престанок на работниот однос го констатирал, го навел основот за отказот утврден со закон, ги навел причините со кои ја докажува оправданоста од донесувањето на одлуката.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-179/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право