- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 333.67 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 2, 2014
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-291/14
„(...) при донесувањето на решението за отказ тужениот постапил во согласност со одредбите од член 82, став 1 и 74, став 1 и 2 од ЗРО поради тоа што тужителката со своите дејствија сторила повреда на работниот ред и дисциплина со што предизвикала штета на тужениот и тоа материјална со губење на поголем број на пациенти и нарушување на угледот на тужениот. Имено, во конкретниот случај тужителката самоволно одјавила пациенти, односно извршила противправно одземање на службена документација и самоволно признала дека ги презела здравствените картони на пациентите кои се лекувале кај тужениот, и го направила одјавувањето на пациентите и без овластување земала службена документација на тужениот и здравствени картони на пациенти. Со наведените дејствија тужителката сторила штета на тужениот, поради што и по оценка на овој суд правилно тужениот го донел решението за престанок на работниот однос на тужителката.”