- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 303.23 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 12, 2012
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1599/11
„(...) правилно првостепениот суд врз основа на сите изведени докази во текот на постапката утврдил дека тужителот при своето работење му причинил штета на тужениот во вкупен износ од 241.662,00 денари, па со оглед на тоа Управителот на тужителот правилно постапил кога согласно законската одредба од чл. 82, ст. 1, т. 5 од ЗРО му го откажал договорот за вработување поради сторена материјална штета. Имајќи го сето ова предвид правилно првостепениот суд утврдил дека Решението за отказ и престанок на работниот однос и Решението на истиот орган како второстепено решение се донесени законито. Ова од причина што правилно првостепениот суд утврдил дека штетата е направена единствено од страна на тужителот, а имајќи го предвид и фактот дека тужителот во текот на дисциплинската постапка со свој потпис признал дека направил кусок во работењето и дека по спроведената дисциплинска постапка во неколку наврати доброволно враќал дел од парите, како и дека тужениот правилно утврдил дека во работењето на тужителот настанал кусок кој бил утврден и од страна на судски вештак поради кој и му бил изречен престанок на работниот однос на сега тужителот.”