- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 367.17 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 2, 2011
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1323/10
„(...) со раскинување на договорот за орочен депозит без презентација на штедна книшка за орочен депозит или договор за орочен депозит, на лицето кое лажно се претставило како М. Б., тужителот извршил исплата на 147.190,00 евра, без притоа да ѝ даде на странката да пополни барање за раскинување на договор за орочен депозит според однапред пропишан образец. Со наведеното тужителот сторил повреда на т. 71 и т. 72 од процедурата на тужениот за девизно работење со физички лица, како и повреда од т. 159 од истата процедура. Со таквото постапување тужителот постапил спротивно на инструкциите дадени од директорот на регион Скопје дека за секоја исплата поголема од 2500 евра задолжително треба да се извести некој од раководните лица.
(...) првостепениот суд правилно го применил материјалното право кога утврдил дека тужителот со преземените дејствија сторил повреда на работниот ред и дисциплина согласно чл. 21, ст. 1, алинеја 1, 2 и 3 и чл. 23, ст. 1, алинеја 5 и 15 од КД на тужениот, бидејќи не ги почитувал правилата пропишани од страна на тужениот, несовесно ги извршувал работните обврски, не се придружувал кон прописите кои важат за вршење на работното место, во врска со работата од крајно невнимание предизвикал штета на тужениот која е во висина на исплатениот износ кој тужителот со пропуштање на невнимание го исплатил на неовластено лице.”