Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-583/16

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 446.38 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 3, 2017
  • Последна промена август 5, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-583/16

„Видно од содржината на одлуката, работодавачот не го образложил основот и причината за отказот, туку само констатирал дека тужителот не бил на работа, без да образложи на кој начин се потврдило отсуството на тужителот, односно дали и на кој начин била водена работната евиденција за редовното доаѓање на вработените на работа, а врз основа на која може неспорно да се констатира дали вработените се присутни или не се присутни на работа, со оглед да изостанокот на работникот не бил констатиран врз основа на работната евиденција за редовното доаѓање на вработените на работа.

(...) во услови кога кај тужениот не е водена евиденција за присуство на вработените на работа, ниту било евидентирано дека тужителот не се појавил во определеното време и место кога поминал организираниот превоз од работодавачот во критичните денови, правилно првостепениот суд постапил кога утврдил дека тужениот во својство на работодавач не ја докажал основаноста на причината која била основ за престанок на работниот однос на тужителот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-300/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право