- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 327.25 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јуни 1, 2011
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1674/10
„Овој суд ги ценеше жалбените наводи на тужителката кога наведува дека првостепениот суд погрешно утврдил дека лекарската потврда не е веродостојна и дека тужителката требала да го оправда своето отсуство од работа со извештај за привремена спреченост за работа од матичен лекар затоа што истата за време на настанувањето на болеста била во Германија и дека доставената потврда е валидна, меѓутоа истите не ги прифати како основани. Ова од причина што првостепениот суд утврдил дека предметната лекарска потврда според известувањето на Фондот за здравствено осигурување на Македонија не претставува веродостојна потврда, како и тоа да тужителката не постапила според прописите со кои се уредени прашањата за привремена спреченост од работа поради болест и повреда.
Според мислењето на овој суд, жалбените наводи дека тужителката немала реални можности да ја извести матичната лекарка за спреченоста на работа, односно за боледување, се неосновани, од причина што истите не се докажани со ниеден податок од нејзина страна како тужител во постапката, а ниту се сторени како веројатни во обидот да биде матичниот лекар известен на било кој начин.
Исто така, при оценка на жалбените наводи на тужителката, овој суд се раководеше и од податокот дека во предметниот спор како тужител се јавува лице – лекар, односно се работи за странка, која со прописите со кои се уредени прашањата за оправдување на привремената спреченост од работа поради болест и повреда не можело да не биде запозната.”