- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 328.64 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 5, 2011
- Последна промена август 5, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-343/11
„Жалбениот навод на тужителот дека кражбата не е докажана, во тек е кривична постапка и кражба не е сторена на имотот на тужениот, туку доколку е сторена, тоа е имот на АД М., е неоснован во случајов затоа што тужителот за време на работа ноќна смена го напуштил работното место, а за дејствијето е притворен и се води кривична постапка, така да кривичната постапка е сосема друга постапка и таму се одлучува по однос на вината за стореното кривично дело, а повредите од работен однос се сметаат како кршење на работниот ред и дисциплина.
Жалбениот навод дека не се работи за неоправдано отсуство или за нејавување – извесетување на работодавецот за отсуство од работа во случајот не е битен, инаку точно поради притворот тужителот немал можност да го извести работодавачот за отсуство од работа, меѓутоа битно е во случајов дека се работи за друга повреда од работен однос не само оваа и доволно е да има докажана една повреда за кршење на работниот ред и дисциплина.
Жалбениот навод дека тужителот ова дејствије го направил за време на паузата како дневен одмор е неоснован затоа што прво, не е докажано дека бил на пауза и второ, и да бил на пауза не смеел да го напушта работното место, со службено возило да се краде нафта и со тоа да ја загрозува безбедноста на Аеродромот.
Жалбениот навод дека според чл. 81 и 82 од ЗРО, тужениот не се повикал на некоја од точките наведени во овие членови за кое дејствие е изречен престанокот е неоснован, затоа што според чл. 81 и чл. 82, ст. 1 предвидено е дека работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување во случаите на кршење на работниот ред и дисциплина. Во случајов со преземените дејствија од страна на тужителот со напуштањето на работното место и оставање на Аеродромот небезбеден и впуштање во кражба на бензин и употребата на службено возило за вршење на кражбата претставува повреда на работниот ред и дисциплина, согласно упатството на тужениот и специфичноста на работното место, така да битен е во случајов описот на дејствијето и дали истото е сторено, а не е битно што не е наведено која точка или кој член од Законот е употребен.”