Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1758/11

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 300.04 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 22, 2011
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1758/11

„Во конкретниот случај не станува збор за престанок на работниот однос на поголем број на работници, бидејќи се работи само за тужителот, а од страна на првостепениот суд во фактичката состојба е правилно утврдено дека на 20.05.2010 година од страна на Претседателството на Советот на ССМ била донесена одлука за измена и дополнување на систематизацијата на работните места со која било укинато работното место - шеф на кабинет и работното место - портпарол, па врз основа на Програмата за престанување на потреба од работник од деловни причини од 14.06.2010 година, била донесена оспорената одлука за откажување на договорот за работа бр.0402-207/4 од 23.06.2010 година. Со истата одлука на тужителот му било обезбедено правото на испратнина.

Според наоѓањето на овој суд, на основа на правилно утврдена фактичка состојба, првостепениот суд погрешно го применил материјалното право, кога го усвоил тужбеното барање на тужителот, затоа што тужениот при донесувањето на одлуката за отказ во целост ги испочитувал одребите од ЗРО, при што констатираните факти во првостепената пресуда, во врска со роковите дадени во Колективниот договор за консултации со синдикактот и неизвестување на тужителот пред отказот, не се од влијание за законитоста на отказот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-887/11
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право