Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-920/10

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 364.10 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 17, 2010
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-920/10

„(...) од страна на тужениот била спроведена постапка во случај на откажувањето на договорите за вработување на вработените од деловни причини, односно од страна на тужениот била изготвена програма за намерата за донесување на одлука за откажување на договорите за вработување на поголем број вработени, бил известен Синдикатот за истата намера, изготвена била нова систематизација на работни места, а со оглед на тоа на ниво на тужениот не е склучен колективен договор меѓу тужениот и овластениот синдикат на вработените, а спроведувајќи ја програмата и одлуката на одборот на директори, изготвени биле критериуми и мерила на основа на кои ќе се врши бодирање на вработените во случај кога ќе биде намален бројот на извршители на определени работни места, како и била известена служба надлежна за посредување при вработување за планираните колективни отпуштања од страна на тужениот. Тужителот бил вработен кај тужениот на неопределено време со договор за вработување бр.04-3095/2258 од 31.12.2008 година на работно место работник за обезбедување во Одделението за обезбедување и ППЗ во Служба за општи работи во Сектор за администрација. Како работници за обезбедување биле 3 извршители, а со новата систематизација е укинато Одделението за обезбедување и ППЗ во Служба за општи работи во Сектор за администрација па затоа тужителот не бил бодиран. Одборот на директори кај тужениот на ден 24.04.2009 година донел одлука за усвојување на промени во организациона структура кај тужениот и престанување на потребата од работење на поголем број работници поради деловни причини со која го усвоил вонредниот извештај на главниот извршен директор од 23.04.2009 година и ја одобрил промената на организационата структура, бројот на работните места и бројот на извршители по работно место предложени од страна на главниот извршен директор одлучувајќи дека престанала потребата од работа на најмалку 180 работници поради деловни причини и го овластил главниот извршен директор да ги преземе сите потребни дејствија за спроведување на одлуката во Правилникот за организација и систематизација на работните места на тужениот. Имајќи го наведеното предвид и по оценка на овој суд правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот спровел законита постапка за престанок на работниот однос на тужителот од деловни причини во смисла на законските одредбите од ЗРО.

(...) кога се работи за однос меѓу работник и работодавач согласно одредбите од ЗРО, правата и обврските работникот исклучиво ги остварува согласно Законот за работни односи, Колективниот договор и договорот за вработување. Сите одлуки донесени од Собранието на тужениот не го засегаат интересот на вработените во остварувањето на своите права и обврски што произлегуваат од заснованиот работен однос со работодавачот, туку одлуките на Собранието на тужениот се однесуваат на правата и обврските меѓу друштвото и акционерите.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-936/10
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право