Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-195/13

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 297.47 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 17, 2013
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-195/13

„(...) одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини била донесена согласно чл. 76, ст. 1, т. 3, чл. 85, чл. 86, чл. 88, ст. 2 и чл. 97 од ЗРО, како и согласно чл. 103, ст. 2, т. 3, чл. 122, чл. 123, ст. 1, т. 1, чл. 125 и чл. 174 од КД на тужениот, а врз основа на одлуката за престанување на потребата од работа на работници во (...) АД бр.04-5207/1 од 16.05.2011 година и одлуката за утврдување на потребата за престанок на работен однос на работници од деловни причини за чија работа престанува потребата поради воведување на промени кај тужениот, односно заокружување на процесот на организациски промени и воведување на нова технологија во работата бр.02-3360/2/2 од 23.03.2011 година. Согласно наведените одлуки, а како при тоа била известена Синдикалната организација на тужениот и Агенцијата за вработување на РМ, Одделот за техничка поддршка престанал да постои и работното место на кое работел тужителот било укинато, поради тоа што згаснала функцијата на овој оддел, односно престанала потребата од неговото постоење, а заради анулираната потреба од поддршка во извршувањето на помошните работи која на Одделите/КЕЦ-овите била давана од вработените во Одделот техничка поддршка. Според тоа, тужителот бил информиран дека работниот однос ќе му престане, зашто била донесена и оспорената одлука. (...)”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-276/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право