Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1205/14

  • Version
  • Преземи 5
  • Големина на фајлот 524.46 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 21, 2015
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1205/14

„(...) кога работодавачот го откажува договорот за вработување во својата одлука е должен да го наведе основот за откажување на договорот за вработување и во истата да го образложи откажувањето на договорот за вработување, односно да утврди по кој основ на тужителката ѝ престанал работниот однос, дали со укинување на работно место или со намалување на бројот на работниците на одредено работно место по спроведено бодирање и рангирање на вработените во согласност со претходно утврдени критериуми, а од друга страна пред донесување на одлуката за откажување на договорот за вработување од деловни причини тужениот е должен да донесе програма за утврдување на причините и потребата од воведување на технолошки, економски, организациони и слични промени кај тужениот, за утврдување на видот на промените, структурата и бројот на работниците на кои требало да им престане работниот однос, да донесе одлука за измена на правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места кај тужениот со укинување на работни места или со намалување на бројот на извршители, односно да донесе нов акт за систематизација на работни места во писмена форма, да му исплати на работникот испратнина.

Оттука, во услови кога видно од содржината на одлуката за откажување на договорот за вработување поради деловни причини не ги содржи сите законски елементи, односно истата нема образложение на основот и причините за откажување на договорот за вработување кое го оправдува отказот кое нешто е од суштествено значење при давањето на отказот, односно изнесените причини со одлуката дека се дава престанок на работниот однос со откажување на договороот за вработување од деловни причини (технолошки, економски, организациони и слични промени) со отказен рок од 2 (два) месеци, сметано од 01.07.2012 година и дека со денот на престанокот на работниот однос на работникот му се исплатува испратнина во висина од 104.483,00 денари што претставува 6 (шест) просечни плати на работникот, во последните 6 (шест) месеци пред отказот не е доволна причина за образложение за дадениот отказ за да му се прифати дека одлуката е законита (...).

Барањето на тужителот да се задолжи тужениот да го врати тужителот на работа и да го распореди на соодветно работно место дипломиран земјоделски инжинер, овој суд го одби како неосновано од причина што согласно со законските одредби од ЗРО, судот има законско право доколку е повредена постапка и слично судот може да одлучи само да го врати работникот на работа на работно место соодветно на неговата стручна подготовка, а не и да наложува работникот да се врати на работа на соодветно работно место дипломиран земјоделски инжинер.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-544/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право