Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-273/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 514.87 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 16, 2015
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-273/14

„(...) првостепениот суд правилно утврдил дека тужениот постапил согласно чл. 71, ст. 2, чл. 72, чл. 76, ст. 1, т. 3 и чл. 97 од ЗРО на начин што правилно ја спровел постапката при донесување на решението бр.03-0907 од 25.03.2013 година и одлуката бр.03-0909 од 25.03.2013 година за откажување на договорот за вработување на тужителот од деловни причини. Во конкретниот случај, тужениот согласно донесената одлука на Управниот одбор на тужениот бр.0201/0417-1 од 13.03.2013 година и Правилникот за внатрешна организација и систематизација кај тужениот се јавила потреба од преструктуирање и промени во работењето што довело до укинување на работното место на тужителот, односно кај тужениот престанала потребата од вршење на определена работа од тужителот поради деловни причини поврзани со функционирањето на работодавачот, односно поради модернизација на производството и обновување на машините и опремата.

Исто така, овој суд ги имаше предвид одредбите од чл. 36, ст. 1 и чл. 42, ст. 1 од КД за вработените во земјоделството и прехрамбената индустрија каде е предвидено во кој случај работодавачот може да го откаже договорот за вработување од деловни причини, меѓутоа најде дека се работи за укинување на работното место при што на тужителот му се обезбедени сите законски права и дека тужениот при донесување на решението и одлуката за престанок на работниот однос од деловни причини постапил во согласност со законот и КД на ниво на гранка. По однос на обврските за известување и критериумите при отказ од деловни причини предвидени во чл. 43, ст. 1 и чл. 44, ст. 1 од КД за вработените во земјоделството и прехрамбената индустрија, овој суд најде дека во конкретниот случај овие одредби не може да се применат, бидејќи по овој основ работниот однос му престанал само на тужителот, кој бил единствен извршител на работното место и дека не се работи за колективно отпуштање на поголем број работници во смисла на наведените одредби.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ 634/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право