Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-275/13

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 792.72 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 11, 2013
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-275/13

„Како во конкретниот случај видно од програмата за откажување на договорт за вработување се утврдува дека тужениот не спаѓа во групата на помал работодавач со оглед на фактот дека бројот на вработени кај тужениот изнесува 279, истиот бил должен да ги определи посебните услови за вршење на работа на секое поединечно работно место. Исто така, со оглед да тужениот функционира како единствено правно лице без да има регистрирано организацини единици, бил должен согласно со Колективен договор на друштвата од друго монетарно посредување и дејноста на посредување во работењето во хартии од вредност и стокови договори да ги утврди критериумите и мерилата за структурата на работниците на кои им престанува работниот однос поради економски, организациони, технолошки, структурни и слични промени, па како тужениот не утврдил по кој основ на тужителот му престанува работниот однос, дали со укинување на работното место или со намалување на бројот на работници на одредено работно место по спроведено бодирање и рангирање на вработените во согласност со претходно утврдени критериуми, не извршил промена на актот за систематизација, не определил критериуми и мерила и како истите ќе ги примени правилно првостепениот суд нашол дека постапката за откажување на договорот за вработување поради економски, организациони, технолошки, структурни и слични причини е во спротивност со одредбите од ЗРО.

Тужениот во жалбата наведува дека првостепениот суд погрешно постапил кога го применил колективен договор на друштва од друго монетарно посредување и дејноста на посредување во работењето во хартии од вредност и стокови договори и го усвоил тужбеното барање, бидејќи тужениот не е член на здружението на работодавачи, не е потписник на КД на ниво на гранка, дека нема колективен договор на ниво на работодавач ниту е потписник на Колективниот договор на друштва друштва од друго монетарно посредување и дејноста на посредување во работењето во хартии од вредност и стокови договори, па истиот нема обврзувачко дејство спрема тужениот, меѓутоа ваквите жалбени наводи овој суд не ги прифати за основани, бидејќи тужениот со ништо не докажал дека не бил член на здружението на работодавачи кои се потписници на Општиот колективен договор за стопанството во РМ, а согласно со чл. 205, ст. 2 од ЗРО, Колективниот договор на ниво на гранка се применува непосредно и е задолжителен за работодавачите кои се членови на здружението на работодавачите потписници на колективниот договор или кои дополнително му пристапиле на здружението, па истиот согласно со чл. 90 од Колективниот договор на друштва од друго монетарно посредување и дејноста на посредување во работењето во хартии од вредност и стокови договори бил должен да утврди критериуми и мерила при утврдување на приоритетот за задржување на работното место на работниците.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-102/13
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право