Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1166/10

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 386.19 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 13, 2011
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1166/10

„(...) по оценка на овој суд со тоа што тужениот во еден ден поточно на 30.9.2009 година што е видно од записникот од 16-тата седница на Претседателството на собранието на тужениот ја разгледувал предлог одлуката за измена на Правилникот за организација на работа и систематизација на работите и работните задачи, донел одлука за измени на овој акт, вршел консултации и советување со претставникот на вработените за откажување на договорите за вработување од деловни причини, ја разгледувал предлог програмата за технолошки вишок, на истата седница донел програма за технолошки вишок, ја разгледувал предлог одлуката за престанок на работниот однос на работници од деловни причини и на истата седница донел одлука за престанок на работниот однос на работници од деловни причини, а на 01.10.2009 година ја донел и одлуката за отказ на договорот за вработување поради деловни причини на тужителите, произлегува дека ниту имал можност ниту пак утврдил дали постои или не можност вработените меѓу кои и тужителите, како последица од донесување на Законот за изменување на Законот за јавни патишта да бидат распоредени на други работни места кај тужениот или кај друг работодавач, односно да бидат преквалификувани или доквалификувани за работа кај тужениот или кај друг работодавач што е во спротивност со одредбата од чл. 96 од ЗРО. По оценка на овој суд, донесувањето на напред наведените акти, програма, одлуки за огласување на работници за технолошки вишок и донесувањето на одлуката за откажување на договорот за вработување на тужителите во ист ден е суштествена повреда на постапката предвидена со напред наведените законски одредби која пак има за последица поништување на одлуките кои се донесени во таквата постапка.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-908/10
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право