Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1237/11

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 301.51 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 14, 2012
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1237/11

„(...) по наоѓање на овој суд основано во жалбата на тужителот се укажува дека првостепениот суд погрешно постапил кога го одбил тужбеното барање на тужителот при тоа не земајќи го предвид фактот дека тужениот во текот на постапката не достави докази дека истиот правилно ја спровел постапката за откажување на договорот за вработување, не доставил правилник од кој би можело да се види дали имало можност тужителката да се распореди на друго работно место според нов правилник. Имено, првостепениот суд при одлучувањето утврдил дека постапката за спроведување на откажување на договор за вработување од деловни причини е во целост и правилно спроведена од страна на тужениот. По наоѓање на првостепениот суд тужениот со правилна примена на чл. 95 од ЗРО ја спровел постапката за откажување од деловни причини на поголем број работници при што во целост бил известен репрезентативниот синдикат кај работодавецот, а согласно чл. 97, ст. 1 од ЗРО тужениот на тужителката го исполнил едно загарантирано право, а тоа е исплата на испратнина. Согласно чл. 95 од ЗРО при утврдувањето од страна на тужениот за откажувањето на договорот за вработување на поголем број вработени кај работодавец од деловни причини покрај намерата за спроведувањето на постапката за деловните причини потребно е усогласување на своите акти пред се актите на работодавецот во кои се утврдуваат работните места како и описот и пописот на работните задачи на вработените. Имајќи ги во вид овие законски одредби по наоѓање на овој суд првостепениот суд неправилно постапил кога го донел спорното решение за престанок на работниот однос без при тоа да утврди дали има можност тужителката да се распореди на ново работно место, односно без при тоа да направи споредба на стариот акт за систематизација на работни места и новиот акт на тужениот со кој ќе се утврди дали согласно програмата за деловни причини се укинуваат работни места или се намалуваат извршителите на постојните работни места, а се согласно чл. 95 од ЗРО.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1921/11
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право