- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 326.41 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 24, 2011
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1188/10
„Овој суд ги ценеше жалбените наводи на тужителката кога наведува дека првостепениот суд погрешно утврдил дека постапката за откажување на договорите за вработување од деловни причини е во согласност со одредбите на ЗРО, дека не бил известен синдикатот за намерата за откажување на договорите за вработување, дека тужениот за отворените работни места бил должен на тужителката да ѝ понуди нов договор за вработување, дека не била спроведена постапка според утврдени критериуми и мерила немало рангирање и бодирање, меѓутоа истите не ги прифати како основани. Ова од причина што правилно првостепениот суд утврдил дека постапката за откажување на договорите за вработување била спроведена согласно одредбите од ЗРО, дека бил известен синдикатот за намерата за откажување на договорите за откажување за што претставници на истиот присуствувале на состанокот од 07.05.2009 година, како и тоа да од распитот на тужителката и сослушувањето на сведокот К. Г. утврдил дека на тужителката ѝ било понудено да одбере на кое работно место да биде прераспоредена на што истата се одлучила за работното место Секретар на РЕ Угостителство, а кое работно место со новата систематизација било укинато како такво во целост.
Исто така, правилно првостепениот суд утврдил дека во конкретниот случај се работи за престанок на договор за вработување од деловни причини со укинување на работно место – секретар, на кое тужителката работела, па немало услови за спроведување на постапка за рангирање и бодирање спроведена според утврдени критериуми и мерила, па како се укинати 14 работни места одлуката не може да биде поединечна, со оглед дека е укинато работно место – секретар.”