- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 350.27 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јануари 11, 2011
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-908/10
„(...) од страна на тужениот во целост била спроведена постапката предвидена во случај на откажување на договорите за вработување на вработените од деловни причини со изготвување на Програма за намерата за донесување на одлука за откажување на договорите за вработување на поголем број вработени, со известување на Синдикатот за ваквата намера, со изготвување на нова систематизација на работни места, со изготвување на критериуми и мерила врз основа на кои ќе се врши бодирање на вработените во случај на намалување на бројот на извршители на определени работни места и со известување на Службата надлежна за посредување при вработување за планираните колективни отпуштања од страна на тужениот. При состојба на правилно и законито спроведена постапка, при што работното место на кое работел тужителот, со новата систематизација било укинато, правилно првостепениот суд утврдил дека тужениот спровел законита постапка за престанок на работниот однос на тужителот од деловни причини согласно одредбите од ЗРО.”