- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 303.27 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 10, 2011
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1285/10
„(...) првостепениот суд правилно утврдил дека во конкретниот случај тужениот немал обврска за потребата за престанок од работа на работници да го извести репрезентативниот синдикат, односно службата надлежна за посредување при вработувањето во смисла на чл. 95 од ЗРО од причини што работниот однос од деловни причини му престанал само на тужителот, а поради укинување на работното место на кое работел. Притоа, првостепениот суд правилно утврдил исто така дека на тужителот му престанал работниот однос поради внатрешни организациски, функционални и структурални промени кај тужениот, поради што тужениот донел одлука за измена на Правилникот за организација и систематизација, при што работното место на тужителот било укинато и притоа на тужителот му се обезбедени законските права во случај на престанок на работниот однос од деловни причини така што оспорената одлука е донесена во согласност со одредбите од ЗРО.”