- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 375.29 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 5, 2011
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-735/11
„Од страна на тужениот на вработените во службата за воено здравство им било соопштено за измените и им било понудено доброволно да се изјаснат дали сакаат да бидат вработени кај друг работодавец без огласување на работното место кое одговара на нивната стручна подготовка или да им престане работното место со отказ од деловни причини. На 25.11.2009 година, тужителот потпишал изјава дека се согласува да биде вработен кај нов работодавач без огласување на работното место кое одговора на неговата стручна подготовка.
Министерството за одбрана на РМ донело одлука за утврдување на бројот на работниците на кои им престанува работниот однос со отказ поради деловни причини (организациони и структурни промени), во Министерството за одбрана на 22.1.2010 година, во согласност со чл. 96, ст. 1 од ЗРО, и чл. 142, ст. 3 од КД, за уредување, односно доуредување на правата, обврските и одговорностите од работен однос во Министерството за одбрана. Во чл. 1 од оваа одлука е наведено дека поради деловни причини во Министерството за одбрана – Служба за воено здравство им престанува работниот однос со отказ, со право на вработување кај друг работодавец без огласување на работно место на 371 вработен. Известување за престанување на потребата од работа на работниците заради помошни услуги од посредување при вработување на 28.1.2010 година тужениот доставил до Агенцијата за вработување Скопје.
(...) првостепениот суд заклучил дека со трансформацијата на Воена болница каде што бил вработен тужителот, престанала потребата од работното место на кое бил распореден тужителот и дека решението за престанок на работниот однос на тужителот било донесено согласно одредбата од чл. 76, ст. 1, т. 3 од ЗРО, поради што и правилно одлучил кога тужбеното барање на тужителот го одбил како неосновано.
Овој суд, ги ценеше и жалбените наводи на тужителот дека првостепениот суд погрешно оценил дека работниот однос му престанал согласно одредбата од чл. 76, ст. 1, т. 3 од ЗРО, затоа што со оспореното решение не му бил откажан договорот за работа, туку било донесено решение за престанок на работен однос што било различно од откажување на договор за работа, кој пак тој и го немал склучено со ВП 9833 - Воена болница Скопје, туку имал договор за работа како цивилно лице д-р стоматолог во ВП 8441- Тетово и дека поради тоа не може да му престане работниот однос во ВП 9833, туку работниот однос да му престане, односно договорот за работа да се откажеод ВП 8441 Тетово, меѓутоа истите не ги прифати како основ преку кој би се прифатило дека предметното решение за престанок на работниот однос на тужителот е незаконито, затоа што со истото на тужителот му е изречен престанок на работниот однос поради економски и структурални промени кај тужениот кај кој бил вработен, ги остварувал правата од работен однос меѓу кои исплатата на плата и уплатата на придонесите од работен однос. Тоа што тужителот немал заклучено договор за вработување со тужениот не значи дека настанатите структурни промени кај тужениот кај кого тужителот бил во работен однос во спорниот период не се основ на тужителот да му биде изречен престанок на работниот однос. Ако, пак, се прифати строго формално дека со тоа што тужителот со тужениот немал склучено договор за вработување и не може да му престане работниот однос кај тужениот, со тоа што тужителот немал склучено договор за вработување земено строго формално и не може да се прифати дека има законито заснован работен однос кај тужениот, туку дека бил во фактички работен однос од кој, пак, не може да остварува права од работен однос меѓу кои и право на остварување на плата, уплата на придонеси и заштита на правата од работен однос меѓу кои е и заштита од престанок на работен однос.
Неосновани се и жалбените наводи на тужителот дека со тоа што со оспореното решение на тужителот не му бил даден отказен рок, ниту пак му била исплатена испратнина, не биле исполнети условите утврдени со одредбата од чл. 70, а в. в. со одредбите од чл. 87 до 97 од ЗРО, затоа што недавањето на отказен рок не може да биде причина преку која би се оценило дека настанатите структурални промени кај тужениот се основ за престанок на работниот однос на тужителот, туку евентуално можат да бидат основ за надомест на евентуално претрпена штета со недавањето на отказен рок, а правото на испратнина поради ваквиот престанок на работниот однос тужителот можел да го остварува евентуално со поднесување на барање кај тужениот или поднесување на тужба пред надлежниот суд.”