Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-2051/12

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 317.17 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 29, 2012
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-2051/12

„Од друга страна тужбеното барање е неосновано бидејќи тужителот ја оспорува општата одлука бр.0402-207 од 15.06.2010 година која е донесена во согласност со одредбите од чл. 95, 96, и 97 од ЗРО при спроведувањето на постапката за престанок на работниот однос од деловни причини и која одлука не претставува поединечен конкретен акт со која е повредено неговото конкретно право од работен однос во смисла на чл. 181, ст. 2 од ЗРО. Со оспорената одлука само се укажува на причината дека се води постапка за воведување на технолошки, економски, организациони и слични промени и дека на тужителот ќе му престане работниот однос и ќе му биде исплатена испратнина. Против ваквата одлука не може да се остварува претходна заштита – приговор кај работодавачот, ниту да се води судски спор. Бидејќи тужителот е вработен кај тужениот со договор за вработување и после спроведената постапка на тужителот му е дадена конкретна одлука која претставува поединечен акт бр.0402-207/4 од 23.06.2010 година за откажување на договорот за работа од деловни причини, тужителот само против оваа одлука може да води спор, што впрочем има заведено спор и тужбеното барање за поништување на оваа одлука му било одбиено како неосновано. Тоа е пресудата на Апелациониот суд Скопје Рож.бр.1758/11 од 22.12.2011 година.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1888/12
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право