Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-901/12

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 550.84 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 6, 2012
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-901/12

„(...) во конкретниот случај се работи за откажување на договорот за вработување поради деловни причини, па првостепениот суд нема законска можност да се впушта во оценка на потребата од оправданост од престанок на работниот однос, ниту во начинот и бројот на доделените бодови на тужителката, затоа што право на работодавецот е согласно утврдените критериуми да врши бодирање на секој од вработените, кое нешто тужениот и го сторил, бодирајќи ја тужителката и по тие критериуми. Првостепениот суд согласно со законските одредби на ЗРО внимава дали е законски спроведена постапката за откажување на договорот за вработување од деловни причини (технолошки, економски, организациони и сл. промени) од страна на работодавецот – тужениот што во овој случај и го има сторено, односно првостепениот суд правилно утврдил дека тужениот – работодавец законски ја спровел постапката за откажување на договорот за вработување од деловни причини (технолошки, економски, организациони и сл. промени) и постапил согласно со законските одредби од ЗРО. Тужителката била бодирана од страна на овластено лице, кое нешто е видно од Одлуката на Управниот одбор од 03.01.2012 година со која на лицето Д. О. му е определено работно место ВД Директор на Дирекцијата за кредитна администрација, каде што работела тужителката и истиот бил овластен да го изврши бодирањето на тужителката, тужениот донел одлука за определување на критериумите и мерила за утврдување потреба за престанок на работниот однос на работниците во која ги утврдил мерилата и критериумите за утврдување на потребата за престанок на работниот однос, тужителката била бодирана согласно со утврдените критериуми, била донесена Програма за престанок на работниот однос на работниците и во истата тужениот се осврнал на битните прашања по однос на потребата од отпуштање на поголемиот број работници, доставил известување до Агенцијата за вработување во кое ги навел причините за намалување на бројот на вработените, квалификационата структура и вкупниот број на вработени, бројот на работниците на кои ќе им престане работниот однос, мерките за ублажување на последиците од престанокот на работниот однос, доставил известување до Синдикалната организација при (...) АД Скопје, поткрепено со докази за причините за престанување на потребата од работата на работниците.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1234/12
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право