- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 310.34 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 22, 2014
- Последна промена август 6, 2023
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-293/14
„(...) Имено, од изведените докази во текот на постапката произлегува дека тужителката согласно договорот за вработување од 31.5.2007 година била вработена на неопределено време и иако едниот проект на кој била ангажирана тужителката истекол во јуни 2013 година, сепак во моментот кога била донесена оспорената одлука се уште бил во тек другиот проект на кој исто така напоредно била ангажирана. Без оглед на тоа што едниот проект завршил, во конкретниот случај истата имала склучено Договор за вработување на неопределено време што значи тужениот како работодавец бил должен да ги преземе сите мерки за нејзино последователно ангажирање и вклучување во другите проекти, во рамки на неговиот делокруг на работа, да изготви стратегија и начин на бодување согласно одредени интерни стандарди по кои би вршел селекција меѓу сите вработени, а не првично без никакви аргументи да одлучи директно елиминирање на тужителката. Во конкретниот случај тужениот не приложил ниту еден доказ со кој би ги поткрепил своите наводи дека ги презел сите мерки за ублажување на конкретната ситуација, како и дека при донесување на оспорената одлука во целост ги испочитувал законските прописи. Имајќи го предвид наведеното и по оценка на овој суд оспорената одлука за откажување на договорот за вработување на тужителката е назаконита и во споротивност со одредбите од ЗРО.”