Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1569/10

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 289.14 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 2, 2011
  • Последна промена август 6, 2023

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1569/10

„(...) по наоѓање на овој суд основано во жалбата на тужителите се укажува дека првостепениот суд погрешно постапил кога го одбил тужбеното барање на тужителите при тоа наоѓајќи дека кај тужениот не постоеле слободни работни места по новиот Правилник за систематизација од 28.12.2006 година на кој би можеле тужителите да се прераспоредат.

Имено, по оценка на овој суд тужениот неправилно постапил кога ги донел решенијата за престанок на работниот однос на тужителите без да изврши бодирање, односно без да изготви програма со критериуми на ниво на тужениот и на ниво на подружница врз основа на кои би извршил бодирање. По оценка на овој суд, со настанатата реорганизација кај тужениот која условила укинување на 5 подружници меѓу кои и подружницата Куманово каде работеле тужителите, постоела можност тужителите да бидат распоредени во некоја од десетте новообразувани подружници, бидејќи ПЕ не претставува посебна целина.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-1674/10
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право